Поранешниот предводник на навивачите на Црвена звезда – Зоран Тимиќ проговори за врската меѓу Жељко Ражнатовиќ Аркан и северната трибина.

„Аркан никогаш не бил фан или водач на навивачите на Звезда, како што се пишуваше во медиумите. Целата приказна започнува кога на Максимир во 1990 година се скандираа скандирања против Слободан Милошевиќ, што на полицијата не и се допадна. Тие размислуваа како да спречат и го испратија Аркан кој беше член на ДБ службата, раскажува Тимиќ.

Тој неколку пати во животот беше на север, а целата приказна за него како водач беше измислена од режимот на СПС за да се смири трибината да не скандира против режимот на Милошевиќ .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.