Вториот светски рекет Карлос Алкараз не успеа да го помини 1/16финалето на Мастерсот во Париз.

Шпанецот синоќа загуби од рускиот тенисер Роман Сафиулин (45-ти на АТП листата) со 6:3 и 6:4.

– Тој не ме изненади бидејќи знаев дека играше на одлично ниво во последните неколку месеци. Победи квалитетни играчи. Јас едноставно не се чувствував добро на теренот. Треба да се подобрам на многу начини, да вежбам многу. Не ја почувствував играта. Се движев лошо. Иако квалитетот на ударите беше добар. Во однос на движењето, треба многу да се подобрам, изјави Алкараз.

Во осминафиналето, Сафулин ќе се соочи со неговиот сонародник Карен качанов



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.