После 6 распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски ќе одржи концерт на еден од дефинитивно најубавите простори во нашата држава – Античкиот театар во Охрид.

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од единствената и уникатна музичка приказна која на 10 август, во организација на „Прагма продукција“, ќе ја подготви Владо Јаневски.

Музичарот и кантавтор, по пауза од неколку години се враќа во Охрид, да ни го сервира својот безвременски каталог на хитови и да ги испее познатите рефрени кои се доказ дека Владо е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката.

На концертот, кој истовремено ќе биде романтичен и еуфоричен, ќе има низа на евергрини и песни кои со генерации се пеат повеќе од 30 години, а секоја негова песна е сама по себе музичка историја. Дека ќе присуствуваме на еден исклучителен музички настан, говори и големиот интерес за овој концерт, затоа што публиката не можеш да ја излажеш, посебно не 30 години колку што трае Јаневски, кој вели дека годините и искуството го научиле – ако сакаш да го насмееш Господ, само кажи му што планираш, а Владо Јаневски тоа добро го знае. Затоа, погрижете се навреме да си обезбедите влезница, бидејќи за неговите концерти секогаш се бара карта повеќе. Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.