Убиецот на учесникот на „Ѕвездите на Гранд“, Енвер Мики Колашинац(43) од Нов Пазар, кој е ликвидиран во четвртокот попладне во Холандија, се уште не е пронајден, а тамошната полиција го истражува и мотивот на злосторството.

Колашинац е убиен во близина на куќата во која живеел во Бухтен, во провинцијата Лимбург, наводно со повеќе истрели од пиштол, а останал мртов на лице место.

Тоа утро отишол да купи леб и други намирнци, а пред тоа се јавил на сопругата Хариса.

Сопругата на пејачот Хариса Лотинац се огласи на социјалните мрежи за трагедијата кој ги снајде.

Неговите последни зборови беа доказ на неговата љубов. Ми рече: Морам да одам душо, додека не заврнало.Сакаше да оди по леб и други намирнци. Кога отиде, небото заплака, Енвер не го избегна дождот- напиша Хариса која е бремена, а со Колашинец чекала син.

Те носам во себе. Носам дел од тебе. Ќе се роди на денот кога се венчавме и кога татко ти почина. Не ти дадоа да го запознаеш синот кој цел живот го сонуваше како најубаво и најдобро момче, каков што беше и ти, ама чекај не во рајот – емотивно се прости Хариса од убиениот сопруг на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.