Културен и информативен центар-Битола почна со подготовки за второто издание на фестивалот „Ех, таа серенада“.

Годинава на фестивалот ќе бидат исполнети 16 нови оригинални композиции, за што е објавен конкурс кој ќе заврши на 15 април, информираа од КИЦ-Битола.

-Композициите, компонираната музика и текстови треба да се во корелација со староградската музика и со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма. За изборот на композициите неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ Битола. Фестивалот „Ех, таа серенада“ ќе се одржи во битолскиот Офицерски дом, а композициите ќе се изведуваат во живо, соопштија од КИЦ-Битола.

Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со по 12.000 денари посебно за напишан текст, за компонирана музика и подготвен аранжман, а изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.