Големото финале на „Евровизија“ ќе се одржи вечерва во Торино, Италија, а обложувалниците имаат нови прогнози за тоа кој ќе ја однесе победата годинава. Со месеци најголеми фаворити за победа се Украинците, односно „Калуш оркестар“ со песната „Стефанија“.

Додека според прогнозите на обложувалниците, кога станува збор за гласовите на публиката, Украина убедливо води, но кај жирито ситуацијата е поинаква.

Имено, најголеми шанси, кога е во прашање стручното жири, има Велика Британија и нивниот претставник, инфлуенсерот Сем Рајдер.

Сем има 32 години, доаѓа од Англија и има над 12 милиони следбеници на „Тик ток“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.