Легендарниот српски пејач, композитор и поет Тома Здравковиќ, бил познат како голем боем и како некој кој исклучително ги сакал жените. Имал бројни авантури, се женел четири пати, а речиси на секоја жена со која бил ѝ посветил песна. Така Тома ги испеал „Данка“, „Еј Бранка Бранка“, „За Лилјана“, „Дијана“, „Анџела“, „Ана“, „Александра“, „Фатима“, „Јелена“, „Марта“, „Надо Надо“, „Се сеќаваш Сања“ и други…
Додека некои од овие песни останаа енигма и не се знае на кои жени им се посветени, за други е познато.
Но, она што е помалку познато е дека Здравковиќ напишал песна и за нашата Есма Реџепова. Иако нејзиното име не се споменува, песната „О, циганко моја“ е всушност посветена на кралицата на Ромите. Есма често знаеше да каже дека е многу горда на тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.