Новата 2022 година пејачката Јелена Карлеуша ја дочека на градскиот плоштад во Белград каде направи спектакуларно шоу за паметење.

И додека таа ги забавуваше над 20-те илјади граѓани, сите се прашуваа каде е Душко Тошиќ.

Додека едни на Инстаграм тврдат дека тој ја дочекал Новата година далеку од Србија, друга армија на фанови на двајцата вели дека сопругот на Карлеуша бил на нејзиниот настап во Белград.

Ќерките Ника и Атина се видени во публиката како и даваат поддршка на нивната мајка, додека потоа се појави и фотографија од Душко.

И тој бил со нив, а на фотографијата ги прегрнува двете ќерки додека му свират трубачи среде улица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.