По успешната концертна промоција на својот прв студиски албум “FLOW”, што се одржа во клубот Станица 26 во Скопје, Ris Flower го објавува својот нов видео запис за песната “Question Mark”, која е дел од албумот “FLOW”.

“Question Mark” : -Музика и текст – Ris Flower

-Продуцент Мустафа Чанбазлар,

-снимена во Студиото Ари во Истанбул

Видео спот:

-Локација – Металски Завод Тито

-Режија – Владимир Владимиров

-Директор на фотографија – Борис Ралев

-Монтажа – Бруно Велјановски

Оваа песна е напишана пред три години, во емотивен период каде што се гледав себеси со прашалници, како што впрочем и велам во песната: “I see myself in the dark with the Question Mark”.. Радосен сум што тој мој ”Прашалник” (името на песната) излезе од темнината и конечно ја виде светлината на денот. Песната “Question Mark” има електронски призвук, фанк гитари, а водечката мелодија е на бас гитара. Моја омилена фраза од песната е “I wonder how does it feel to wake up in someone else’s body”, вели изведувачот.

По фантастичниот настап со симфониски оркестар како специјален гостин на фестивалот „Performist Fest” во Истанбул, Турција, а пред неговата есенска турнеја во Јапонија (повеќе инфо во следното соопштение), Ris Flower на огромно задоволство на неговите фанови потврдува уште еднаш дека неговата интернационална кариера зема се поголем замав и дека полека ги пробива и континенталните граници!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.