Поради снимање на музички спот полицијата ќе затвори дел од улици во центарот на Скопје ноќта помеѓу недела и понеделник до 6 часот изутрина.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје,  на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги Мелем продукција ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје. Имено, во периодот од 23 часот на 27 август до 6 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде бул.Илинден, на потегот од крстосница со бул.Св. Климент Охридски до ул.Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај“, се вели во соопштението на МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.