на само четири дена пред концертот кој ќе се одржи овој четврток во Станица 26, нашата интернационална музичка звезда, Ris Flower, изненадува со уште едно фантастично парче музика – Акустична верзија на хитот “Come Undone” од “Duran Duran”

Акустичната верзија на “Come Undone” во изведба на Ris Flower е емотивна балада во која доминира одличниот вокален перформанс на Ris Flower, надополнет со женски пратечи вокал, пијано и виолончело.

Ris Flower ги доби официјалните права од членовите и од продукциската куќа на англискиот бенд “Duran Duran” за препев на еден од најголемите музички хитови на сите времиња – “Come Undone”

Песната е снимена во студиото “ARI” во Истанбул, а за врвната светска продукција се погрижи продуцентот и аранжер Мустафа Чанбазлар.

Овој сингл излегува непосредно пред  концертот кој ќе се одржи во четврток – на 18ти мај во клубот СТАНИЦА 26 во Скопје, на кој Ris Flower ќе го промовира албумот “Flow”

Влезниците се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.mktickets.mk
https://mktickets.mk/event/ris-flower/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.