Утре во хотел „Мериот“ во 20 часот Некст тајм ќе го провоираат новиот албум „Мајка“.
Промоцијата е од отворен тип, и ќе имаат можност сите оние кои ја сакаат и ја поддржуваат нашата музика, да присуствуваат и да уживаат во мини концертната изведба на дел од песните од албумот.

Албумот се изработуваше долг период под палка на Никола Мицевски, а е снимен и мастеризиран во XLstudio Momiroski.
На албумот има девет (9) композиции од кои една е Бонус трака за песната “Ја излези Ѓурѓо”, која што е во ново руво и во дует со Влатко Лозаноски – Лозано, велат од Некст тајм.
Албумот МАЈКА ќе може да се купи само на самата промоција, и ќе биде во лимитиран број.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.