Поради огромен интерес за концертот закажан за на 11.06 (сабота) на најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка, младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ истиот ќе биде преместен на градскиот стадион во Пробиштип, наместо „Аква паркот“.

Организаторите велат дека морале да се одлучат на овој чекор, бидејќи аква паркот би бил претесен да ги собере сите обожаватели на Цеца и Анастасија.

Моравме да го преместиме концертот, бидејќи интересот е преголем. Секој ден добиваме повици и резервации и од Србија и Бугарија. Она што е најважно тоа што во сабота не очекува топло и убаво време, велат тие.

Инаку ова е прв заеднички настап на Цеца и нејзината ќерка Анастасија и којзнае дали повторно некогаш ќе ги видиме двете на иста бина. Она што беше интересно пред неколку дена е нивната листа на желби кои ја открија организаторите.

Двете пејачки всушност не бараат „од пиле млеко“ како некои други ѕвезди, напротив, тие се скромни во своите побарувања.

Тие кои сè уште немаат набавено влезници, истото може да го сторат онлајн преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, продавницата на „Југотон“, како и „Розе Веро 2“.

Исто така на денот на концертот ќе има и организиран превоз од Скопје и сите поголеми градови. За подетални информации јавете се на телефонскиот број: +389 75 507 455



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.