Познатиот српски новинар и рокенрол критичар Петар Луковиќ (73) почина денеска во Белград, после долго и тешко боледување, објавија српските медиуми.

Луковиќ имаше богата кариера во различни сфери на новинарството, но многумина ќе го паметат по одличното познавање на музиката. Тој беше сјаен познавач на рокенролот, но и на поп културата генерално. Прв пуштал панк во Беград кога никој не знаел за тој правец, прв напишал рецензија за диско плоча, а во 70-те и во 80-те години одлично ја познавал југословенската естрада. Најдобро го знаат тоа оние кои ја читале неговата легендарна книга „Подобро минато“.

Луковиќ пишуваше за познатото музичко списание „Џубокс“, но и за „Полет“, „Младост“, „Рок“, за „Политика“, „Ферал Трибјун“, „Младина“…

Креативниот врв, кога станува збор за урбаната култура Луковиќ го достигна во период од 1993 до 1999 година, кога беше главен и одговорен уредник на неделникот „Време забаве“, а потоа „Х Забава“. Најмногу се пишуваше за музика и филмови, а текстовите ги пишуваа сите најважни музички и филмски критичари.

Магазинот „Х Забава“ пишуваше за сите клучни музички правци во светот, за британската поп инвазија и бендовите како „Оезис“ и „Блур“, за бристолската сцена која ја предводеа „Масив атак“ и „Портисхед“.

Луковиќ беше немилосреден, барем кога музиката беше во прашње. Беше поинаков и поради тој став и самиот често страдаше во животот.

Во 2010 година беше избран за почесен граѓанин на Сараево.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.