Пејачот на групата „Фејтлес“ Макси Џез почина на 65-годишна возраст, објавија на Инстаграм членовите на бендот, пренесува Данас.

„Со скршено срце можеме да кажеме дека Макси Џез синоќа мирно почина во сон“, напишаа тие.

„Тој беше човек кој ни ги промени животите на многу начини. На нашата музика и даде вистинско значење и порака. Тој исто така беше прекрасно човечко суштество со време за сè и мудрост која беше и длабока и достапна. Ни беше чест и, се разбира, вистинско задоволство да работиме со него. Беше брилијантен текстописец, диџеј, будист, имаше величествено присуство на сцената, љубител на автомобили, бескраен говорник, убава личност, морален компас и гениј. Почивај во мир драг Макс“,стои во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.