Познатата француска актерка Изабел Ипер ќе ја добие почесната Златна мечка за животно дело на претстојниот Берлински филмски фестивал.
Покрај почесната Златна мечка, за време на Берлиналето што ќе се одржи од 10 до 20 февруари ќе биде организирана и ретроспектива на филмови на една од најзначајните француски актерки.
Изабел Ипер, родена 1953 година, во својата богата кариера играше во стотици филмови, меѓу кои „Професор по пијано“ на Михаел Ханеке и „Спаси се кој може“ на Жан-Лук Годар, но и во ТВ продукции, серии…
Добитник е на бројни награди, меѓу кои Бафта, Златен глобус, две награди во Кан, на Венецискиот филмски фестивал, 14 пати била номинирана за најважната француска награда Цезар, а еднаш ја добила.
Наградата на овогодишното Берлинале свечено ќе и биде врачена на 15 февруари.
Седум нејзини филмови ќе бидат прикажани истиот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.