Најновата соработка на Даниел Данн (Daniel Dann) со продуцентот Fussflow & Malinova и нивниот заеднички сингл кој носи наслов „Don’t forget me” (Не ме заборавај).

Огнен Митев ака Fussflow е продуцентот кој воедно e автор на аранжманот и текстот, додека Весна Малинова е автор на музиката.

Ме радува секоја нова соработка на музички план, особено кога финишираме со успешно реализиран проект. Драго ми е што Малинова и Fussflow ме поканија да се вклучам во оваа приказна и заедничката креативност да ја преточиме во една ваква песна, која се надевам ќе го пронајде патот до публиката, особено до љубителите на електронската денс музика, вели Данн.

„Don’t forget me“ се снимаше парелелно во Германија и Македонија, додека пак мастерингот го изработија TheBasementStudios. Од денес нивниот сингл може да се слушне на сите светски дигитални платформи во издание на Bierbauch Studio.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.