Украинските претставници на Евровизија му се заблагодарија на британскиот премиер Борис Џонсон за посетата на главниот град на нивната земја, Киев.

Фаворитите за победа на натпреварот за песна на Евровизија, што ќе се одржи следниот месец, добија специјална дозвола да ја напуштат земјата поради настапи во Тел Авив и Амстердам.

Говорејќи за „Би-би-си радио 1 њусбит“ , фронтменот на бендот „Калуш оркестра“, Олех Псиук, рече дека може лично да ја почувствува поддршката на британскиот премиер во војната против Русија.

Бендот треба да се врати во Украина подоцна оваа недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.