Младата артистка Зарина Првасевда в петок со почеток во 20 часот ќе го одржи својот прв официјален студиски албум, насловен како „ЕХО“, составен од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови и уникатни аранжмани.

Како што кажа Првасевда на денешната прес-конференција, станува збор за традиционална музика со џез елементи, која на моменти потсетува на филмска музика, а е отпеана на македонски, албански, турски, српски и бугарски јазик.

Едноставно ја имав идејата и сакав да ја споделам музиката која што ја носам во срцето, сметам дека овој албум го создадовме на начин кој верувам ќе допре до помладата публика, до публиката која што најверојатно не би имала шанса и прилика да ја спознае традиционалната музика. Короната малку не разниша, но можеби тоа беше добро, бидејќи ако тргневме со брзина на светлината како што и бев решена немаше да биде толку магично и убаво, изјави таа, истакнувајќи дека се надева за настапи и во другите градови како Охрид и Битола.

Информира дека ангажманот ќе биде на Александар Петров.

Солистичкиот концерт ќе се одржи во Македонската Филхармонија. Зарина на коцертот ќе биде придружувана од нејзиниот ансамбл во состав: Филип Димишковски, Ратко Даутовски, Дејан Цветковски, Драган Теодосиев, Благојче Трајковски, Тони Арслан, Пенче Кралев, Филип Михајловски, Дејвид Демир. Како специјални гости на концертот ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и Перија, како и други нејзини пријатели и колеги.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.