Евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа во Торино, ќе се одржи вечер во Нано Бар во Дебар Маало, во организација на евровизискиот фан клуб ОГАЕ Македонија.

На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар, посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.

Влезот за сите евровизиски фанови е бесплатен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.