Мајката на Аки Рахимовски, Ана, утрово почина во Скопје. Веста ја објави нивната кума, новинарката Мирјана Василева, која порача дека Ана сега конечно е заедно со својот син.

Патувај во божјата светлила тетка Ана, сигурно ќе те дочека синот Аки Рахимовски, почивај во мир, напиша Василева.

Василева за „Женски магазин“  раскажа дека Ана починала во домот за стари лица каде што претсојувала последниот период од својот живот, и до самиот крај не знаела дека нејзиниот син починал пред неа.

До последно, тетка Ана не знаеше дека Аки е починат, си замина без да знае дека синот си замина пред неа. Не беше добра со здравјето, и медицинскиот персонал решил да не ѝ создава дополнителни стресови. Аки, пред да почине требаше да дојде во Скопје, да ја види својата болна мајка, беа многу поврзани. Му беа вградени четири стента на срцето, и мислам дека сè уште не беше подготвен за патување. Но, кога од Скопје му јавија дека мајка му не е добра, тој реши веднаш да дојде. За жал, еден ден пред да допатува до Скопје, Аки почина. Мајка му се подготвуваше за таа средба, но не дочека да си го види синот, раскажа Василева за „Женски магазин“..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.