Федералниот суд во њујоршката општина Менхетен одлучи дека британската поп-ѕвезда Дуа Липа ќе се соочи со тужба и обвинение дека нејзината песна „Levitating“ од 2021 година е „премногу (суштински) слична“ со диско-хит од 1979 година.

Окружната судијка Кетрин Полк Фаила нагласи дека текстописците Л. Расел Браун и Сенди Линзер би можеле да се обидат да докажат оти „Levitating“ е во голема мера копија на нивната песна „Wiggle and Giggle All Night“. Адвокатите на Липа и нејзината издавачка куќа „Ворнер рекордс“ не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Во тужбата, поднесена во март 2022 година, се тврди дека „Levitating“ има „композициски елементи“ од „Wiggle“, што наводно, најмногу се гледа во почетната мелодија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.