За разлика од многумина други кои се обидуваат набрзина да се „вивнат“ на естрадното небо кај нас, пејачот Даниел Крстески тоа го прави скромно и ненаметливо. Без многу помпа и наметнување, туку напротив, од „сенка“ што се вели, Крстески вади нови песни, спотови, настапува низ земјата и сигурно сме дека неговото време допрва доаѓа…

Пред само неколку дена тој ја извади неговата најнова песна со наслов „Остани“, на која како автор се потпишува лично тој. Музиката, текстот и аранжманот се негово дело, додека мастерингот е дело на Христијан Ѓорѓиевски.

За оваа нова песна, младиот пејач сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште три други девојки, кои да бидеме искрени изгледаат фантастично…

Ова е комплетно моја песна направена во моето ново студио. Ја правев долго време, не брзав во изборот, иако имам и доста други песни веќе готови. Чекав повеќето од нив да ми „легнат“ и да одлучам која од нив прва да ја објавам. Сега само останува публиката да „пресуди“ дали е ова добро или пак не. Јас искрено се надевам ќе им се допадне, ни изјави скромниот пејач.

Инаку Даниел има и свој музички бенд составен од одлични професионалци. Тие наскоро започнуваат и со настапи низ земјата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.