Ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ продолжува со ДОБРИОТ, ЛОШИОТ И ГРДИОТ на Серџо Леоне.

Кинематографер е италијанецот ТОНИНО ДЕЛИ КОЛИ, добитник на Златната Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2002 година.
ДОБРИОТ, ЛОШИОТ И ГРДИОТ (1966), снимен од италијанскиот кинематографер Тонино Дели Коли, добитник на Златната Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2002 година, на Меѓународната награда на Американското здружение на кинематографери и на четири Давид ди Донатело награди за најдобра фотографија. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Дели Коли, култниот Серџо Леоне. Освен по соработката со Леоне, Дели Коли е познат и по соработките со Федерико Фелини, Пјер Паоло Пазолини, Роман Полански, Луј Мал, Роберто Роселини, Марио Моничели, Дино Ризи, Џузепе Торнаторе и Роберто Бенињи.

Среда, 13.3. во 20:00 во Кинотека и понеделник 18.3. во 20:00 во Центар за култура Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.