Актерот Ричард Белзер почина вчера на 78-годишна возраст, во својот дом во Бозул, на југот на Франција. Писателот Бил Шефт рече дека Белзер имал многу здравствени проблеми.

Кариерата ја започна како комичар, а подоцна се прослави како актер во различни улоги.

Најпознат е по улогата на детективот Џон Мунк, лик кој го толкуваше во крими серијата „Закон и ред: Оддел за жртви“ која траеше уште 15 сезони, во повеќе од 300 епизоди. Белзер го играше Мунк во 11 различни серии во текот на 22 години. За првпат, еденизмислен лик беше одигран од еден актер во 11 различни телевизиски емисии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.