Долгоочекуваниот филм на Грета Гервиг за најпознатата кукла на светот конечно претстави фотографија која покажува како ќе изгледа Марго Роби во улога на култната Барби. Датумот на излегување на долгоочекуваната авантура на легендарната кукла беше објавен во текот на презентацијата на „Warner Bros.“ на „CinemaCon“ во Лас Вегас.

Потоа, компанијата на Твитер ја објави првата фотографија од актерката Марго Роби заедно со датумот на премиерата на „Barbie“ која е закажана за 21-ви јули 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.