Леонардо ди Каприо и Мартин Скорсезе повторно ќе работат заедно на нов филмски проект.
Актерот ќе глуми во новата поморска драма на Скорсезе, The Wager, која се развива за „Епл ориџинал филм“. Ова е осми пат тие да соработуваат на екранот по претходните филмови, вклучувајќи ги „Волкот од Волстрит“ и „Авијатичарот“.
Ќе следи по најновиот филм на дуото, крими-драмата „Убијци на цветната месечина“ (Killers Of The Flower Moon), кој се очекува да дебитира на Канскиот филмски фестивал во 2023 година.
The Wager е заснован на нефикциона (публицистичка) книга на Дејвид Гран со наслов „Облог: Приказна за бродолом, побуна и убиство“ (The Wager: A Tale Of Shipwreck, Мutiny, And Murder). Дејствието на филмот е сместено во 1740-тите, а станува збор за две групи морнари насукани во Јужна Америка.
Првата група преживеани од британски брод пристигаат на остров во Патагонија и се дочекани како херои, но шест месеци подоцна се појавува друг брод кај брегот на Чиле со тројца мажи кои ја обвинуваат другата група дека се бунтовници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.