Славниот холивудски актер, Леонардо ди Каприо повторно е во центарот на вниманието. На почетокот на февруари годинава актерот беше „фатен“ во друштво на манекенката Еден Полани (19), а набрзо почнаа да се шират гласини за новата романса на омиленото лице на Холивуд.

Леонардо (48) брзо ги отфрли сите шпекулации, но поради неговата поврзаност со 19-годишна манекенка, во јавноста повторно се појави скандал од пред 18 години, кога актерката Миша Бартон (тогаш во подем) изјавила дека ја замолувале да спие со него за „доброто на нејзината кариера“, пишува „Дејли мејл“.

Бартон во тоа време беше на врвот на кариерата, глумејќи во тинејџерска драма. Таа била во Малибу со тогашниот публицист Крег Шнајдер кога го видела Леонардо ди Каприо на снимање.

Во тоа време, Ди Каприо беше надвор од шестгодишна врска со супермоделот Жизел Бундхен (42).

За доброто на твојата кариера, оди и спиј со тој човек – ѝ рекол Крег тогаш на младата актерка.

Таа одговорила дека не ја интересираат односите со постари мажи.

Па нели Лео има 30 години или нешто слично? – му одговорила.

Инаку, Леонардо ди Каприо е познат по тоа што сака да излегува со помлади девојки.

Во август 2022 година, тој ја заврши својата четиригодишна врска со Камила Мороне, а потоа стана тема на корисниците на социјалните мрежи кои постојано се шегуваа на негова сметка. Имено, многумина тогаш пишуваа дека Леонардо раскинал со актерката бидејќи два месеци пред тоа наполнила 25 години.

Со текот на годините, додека Леонардо ги менуваше девојките, фановите забележаа дека актерот има тенденција да излегува само со девојки кои имаат 25 години или помлади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.