Славниот холивудски актер и еколошки активист Леонардо ди Каприо донираше 10 милиони долари за поддршка на жителите на Украина.

Ди Каприо изјави дека Украина е земја за која е длабоко приврзан бидејќи бабата од страната на мајката на актерот, Хелена Инденбиркен била родена во украинскиот град Одеса како Јелена Степановна Смирнова.

Оттаму со родителите емигрирала во Германија во 1917 година, каде што е родена мајката на Ди Каприо, што многу влијаело на неговото воспитување, што актерот го истакна во неколку интервјуа во минатото, објави германскиот „RTL exclusive“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.