Продолжението на филмот „Џокер“ со повторно учество на американскиот глумец Хоакин Феникс треба да се прикажува во кината од 4 октомври 2024 година, објави продуцентската компанија „Ворнер брос“.

За својата изведба во „Џокер“, Феникс доби „Оскар“ за најдобра улога.

Според „Холивуд репортер“, во продукцијата можеби ќе учествува и пејачката Лејди Гага. Сепак, сѐ уште не е познато во каква функција ќе биде таа.

И новиот филм повторно ќе го режира Тод Филипс, а според порталот „Дедлајн“, почетокот на снимањето е закажан за декември.

„Џокер“ беше објавен во 2019 година и освои два „Оскара“ – за најдобра филмска музика (композитор: Хилдур Гурнадотир) и за најдобра главна машка улога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.