Во неодамнешната емисија на „BBC“ е откриено дека кралицата Елизабета Втора го криела снимањето на скечот со Џејмс Бонд од своето семејство и еден од условите да учествува бил токму тоа – никој да не знае ништо.

Кралицата Елизабета Втора глумеше покрај актерот Даниел Крег во смешен скеч кој беше емитуван во текот на Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година.

Во неодамнешната епизода на емисијата „The Reunion“, водителката Кирсти Варк разговарала со членовите на продукцискиот тим кој работел на церемонијата на отворање на настанот, на која беше прикажан скечот.

Во истиот се гледа како Крег, во улога на агентот 007, ја води кралицата на Олимпискиот стадион во Лондон.

„Кралицата никогаш не му кажа на своето семејство дека го снима тоа. Тоа беше еден од условите кога прифати да биде дел од проектот“, вели менаџерот на продукцијата, Сем Хантер.

„Со тоа, доколку внимателно го погледнете моментот кога таа доаѓа и кога седнува на своето место, можете да забележите како нејзиното семејство вели дека скечот бил добар“, раскажал Хантер.

Продуцентскиот тим исто така морал да ја чува тајната од некои членови на владата.

„Она што беше тешко е што не сакавме многу да ѝ откриваме на владата бидејќи не знаевме колку би можеле да бидат сигурни“, изјавил извршниот продуцент Стивен Далдри.

Претходно оваа година Крег откри детали од состанокот со кралицата во текот на гостувањето во емисијата „The Late Show“ на Стивен Колбер, а се присетил и на „многу смешна шега“ која Елизабета Втора ја раскажала на негова сметка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.