Ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде изложен во Вестминстерската палата во текот на следните неколку дена, а бидејќи се очекуваат огромни гужви, сегашните проценки покажуваат дека граѓаните ќе мора да чекаат во редови неколку часа, а можеби и денови, за да стигнат до ковчегот.

Бидејќи телото ќе биде изложено во текот на целиот ден, од среда до понеделник, 19 септември, односно до денот на погребот, се очекуваат долги редици и во текот на ноќта.

Патем, последниот член на кралското семејство чиј ковчег беше изложен на јавноста беше Елизабет Боус Лион, мајката на кралицата, во 2002 година, кога повеќе од 200.000 чекаа да го видат нејзиниот ковчег.

Англиската влада поради очекуваниот рекорден број граѓани ги советува граѓаните да носат храна, пијалоци и соодветна облека.

Голем број граѓани и оддадоа почит на кралицата пред замокот Балморал каде што почина минатиот четврток, како и пред местата што ги сакаше како Бакингемската палата и другите кралски резиденции.

Толпата луѓе, исто така, се наредени на кортеж-маршрутата што патуваше од Балморал до Единбург во неделата додека нејзиниот ковчег тргна кон Лондон пред погребот,пренесуваат медиумите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.