На 73.Берлински филмски фестивал, што годинава се одржува од 16-26 февруари,  за Претседател на четирите жиријата на меѓународната филмска критика Фипресци (Fipresci) е избрана, новинарката и филмска критичарка од Македонија , Гена Теодосиевска.

Позната како искусен ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските и визуелните уметности, Теодосиевска  беше селектор, уметнички директор и директор на ИФФК „ Браќа Манаки“ (2008-2020), а од 2022 година е назначена за  уметнички директор на ИФФ КИНЕНОВА . Како соработник и продуцент се појавува во 23 кратки видео дела во продукција на МТВ, а беше извршен продуцент на филмот „Судијата“, прикажан на над 30-тина филмски фестивали низ светот, вклучително премиерно и на Венецискиот филмски фестивал во 2001 година.

Во последниве 30 години таа е посветен проследувач, туторинг експерт за документарен и краток филм на неколку европски филмски работилници, координатор на меѓународни копродукциски ТВ проекти и промотор на македонската визуелна уметност.

За член на жири била поканета на повеќе од 25 меѓународни филмски фестивали. Берлиналето е втор фестивал од А катергорија по IDFA во Амстердам , на кој таа е дел од оваа високопочитувана оценувачка комисија.  М-р Гена Теодосиевска е активен член на Македонската секција на Fipresci, а вработена е во МРТ.

МИА

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.