Елена Ковалскаја, актуелната директорка на Московскиот државен театар, реши да поднесе оставка поради ситуацијата во Украина. Таа во својата објава на Фејсбук индиректно „пука“ кон претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Пријатели, во знак на протест против руската инвазија на Украина, поднесувам оставка од функцијата директор на државниот театар. Невозможно е да се работи за убиец и да се зема плата од него. Работите што беа започнати ќе ги завршам, на доброволна основа – напиша Елена Ковалскаја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.