Во Белград премиерно беше прикажан филмот „Рускиот конзул“ во режија на Мирослав Лекиќ, со што беше затворен 52. ФЕСТ.

Филмот „Рускиот конзул“ ѝ носи на публиката приказна која не враќа во драматичните години од косовската криза која ќе го дефинира идниот соживот на Србите и Албанците на Косово.

Главниот лик на оваа филмска сага е српскиот лекар Илија Југовиќ (Небојша Дугалиќ), кој по казна е префрлен во болница во Призрен. Таму се среќава со професорот по историја (Жарко Лаушевиќ), навидум психијатриски пациент кој тврди дека наскоро „Русија повторно ќе стане Русија, а Косово повторно ќе биде српско“. Локалните албански моќници, сепаратисти, се вртат против Божовиќ. Тие се обидуваат да го избркаат Божовиќ, но доктор Југовиќ застанува во негова заштита.

Покрај Жарко Лаушевиќ и Небојша Дугалиќ, во актерската екипа се и Паулина Манов, Светозар Цветковиќ, Висар Вишка, Даница Радуловиќ, Менсур Шафќиу, Константин Фиданов, Петар Зекавица, Мето Јовановски, Нада Мацанковиќ, Енвер Петроци и др.

По прикажувањето на филмот, екипата на оваа продукција и се поклони на публиката, а овации и големите аплаузи беа наменети за Жарко Лаушевиќ, кој ја толкуваше главната улога – ликот на рускиот конзул Иван Стјепановиќ Јастребов и за Мето Јовановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FEST Belgrade (@fest_belgrade)

И двајцата актери починаа минатата година и не ја дочекаа премиерата на филмот кој беше нивното последно филмско остварување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.