Откако синоќа беше откажан концертот на Калиопи (56) во салата на МТС во Белград поради тоа што непосредно пред концерот почина жена во публиката, пејачката денеска за српските медиуми проговори за трагичниот настан.
Зборувам во името на сите нас кои тажно и трагично ја доживеавме синоќешната трагедија. Најтажниот момент во мојата кариера. Голем шок за сите нас. Концертот уште не беше почнат, чекавме сите да влезат, да се наполни салата и да го славиме животот, а една од нив беше и госпоѓата што почина. Веднаш се симнав до публиката и сфатив дека имаме тежок случај. Сите се молеа да се случи чудо, но за жал, тоа не се случи. Еден живот вреди повеќе од стотина концерти. Госпоѓата е само една година постара од мене, не е од Македонија, таму беше и нејзината ќерка, се грижевме и за неа, додека остатокот од семејството не дојде на лице место. Жената е мајка на мој обожавател и не би го открила нејзиниот идентитет – изјави Калиопи во емисијата „Премиер-Викенд Специјал“.
Жената наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош, но и по триесетминутно ренимирање, таа ја изгуби борбата со животот.
Првичните информација беа дека жената била на 70-годишна возратс и дека од Македонија дошла во Белград на концерт на Калиопи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.