Калиопи Букле го откажа концертот откако на жена од публиката прво ѝ се слошило, а потоа, за жал, почина. Жената дошла дури од Македонија во друштво на своите пријатели и ќерката, кога и се слошило во салата на МТС во Белград.
Пејачката, како што пишуваат српските медиуми, видно се потресла, заплакала, па ја напуштила бината. Потоа отишла во полициска станица за да даде изјава.
Сега, Калиопи се огласи и на својата Инстаграм страница.
„Ова е најтажен ден во мојата кариера. Денес наместо да го славиме животот на мојот концерт, изгубивме живот. Во свое име и во име на целиот мој тим изразуваме најдлабоко сочувство на семејството на починатата личност. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерниот немил и многу тажен настан за сите нас…Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на концертот..Новиот термин наскоро ќе биде објавен – напиша пејачката
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.