Жељко Јоксимовиќ, во ексклузивно интервју за „Република.мк“ дадено на 10 ноември 2017 година најави дека со Драган Бјелогрлиќ подготвуваат филм за животот на Тома Здравковиќ.

Во интервјуто, Јоксимовиќ објаснува дека тој и Бјелогрлиќ добиле дозвола за снимање на филмот од Бане Обрадовиќ кој е носител на правата на ликот и делото на Тома Здравковиќ и кој го организираше подигањето споменик на Тома Здравковиќ во Лесковац, како и спомен-плоча во Белград.

Јас и Драган Бјелогрлиќ веќе две години зборуваме за филм за Тома Здравковиќ. Се уште не е сигурно дали тој филм ќе се снима. Ако имаме сретства ќе се реализира проектот. Тој филм е нешто многу скапо. Се разбира, ние се трудиме да го снимиме, но доколку не се обезбедат сретства секако нема да го правиме.

 

Наша желба е да ги сочуваме великаните од заборав. Тоа е како некакво потсетување со обврска. Филмот нема да биде за Тома, туку како го гледавме, уметничко гледање на сето она што тој за време на животот успеа да го направи и да го остави зад себе. Филмот треба да се прави според новелата која ја напиша Никола Пејаковиќ со кој пејачот пред точно дваесет години соработуваше на песната „Хаљиница боје лила“, во 1997 година, а која јас ја аранжирав – изјави тогаш Жељко Јоксимович за „Република“.

Времето покажа дека нивните надежи се исполнија и повеќе од успешно.

Целото интервју на Јоксимовиќ може да го прочитате на следниот ЛИНК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.