Актерката Јана Стојановска во едно интервју откри интересни детали од нејзиниот живот: ситниците ја прават среќна, се плаши од разделби и доколку би ја имала власта во свои раце на еден ден, би забранила возила.

Но, актерката го привлече вниманието на јавноста со искрените одговори за љубовта и сексот. Таа смета дека неверствата можат да ја стабилизираат врска, го поддржува сексот за една вечер, но откри и една своја секс авантура.

На прашањето кое е најчудното место на кое имала секс, Јана одговори:

“Имаше една куќа на Водно, беше во процес на градење. Беше многу романтично затоа што немаше покрив и се гледаа ѕвездите. Имаше некои соседи кои нѐ гледаа”, изјави Стојановска низ смеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.