Дејвид Бекам открива дека неговата сопруга и поранешна „спајсица“ Викторија Бекам 25 години секој ден јаде едно исто јадење, a тоа е риба на скара со зеленчук на пареа.

Дејвид (46), некогашна фудбалска легенда и татко на четири деца вели дека во ретки прилики кога Пош Спајс ќе проба нешто друго, тоа е „една од неговите омилени вечери“. Сето ова тој го откри во интернет-емисијата „Ривер кафе тејбл 4“ (River Cafe Table 4) неделава, признавајќи и дека самиот е голем гурман.

Јас сум доста емотивен за храната и виното, па кога јадам нешто одлично, сакам сите да го пробаат. За жал, оженет сум со некој кој 25 години го јаде истото јадење… Од кога ја запознав, јаде само риба на скара и зеленчук на пареа. И многу тешко отстапува од тоа! – изјави поранешниот фудбалер.

Брачната двојка има четири деца: Бруклин (22), Ромео (19), Круз (16) и Харпер-Севен (10).

Викторија и претходно за себе велеше дека не јаде храна подготвена во масло, путер или сосови, како ни црвено месо и млечни производи.

Дејвид открива и дека ужива да минува време сам во нивната вила во Лондон, бидејќи таму може да готви што сака.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.