Нов скандал го потресе Холивуд! Имено, Кори Фелдман јавно изнел страшни обвинувања на сметка на Чарли Шин. Истакнал дека актерот го силувал Кори Хејм на снимањето на филмот „Лукас“ од 1986 година. Меѓутоа, Шин веднаш остро ги демантирал овие шокантни тврдења.

Според медиумите, Шин бил обвинет за силувањето на тогаш 13-годишниот Хејм на снимањето на култниот филм во новиот документарец на Фелдман „Мојата вистина: Силувањето на двајцата Кори“.

„Чарли ме наведна помеѓу две приколки, стави масло на мојот задник и ме силуваше среде бел ден. Секој можеше да помине, секој можеше да го види тоа“, истакнал Фелдман.

Неговата поранешна партнерка Сузана Спраг исто така ги потврдила овие тврдења. Од друга страна, Чарли рекол:

„Овие болни, изопачени и необични обвинувања никогаш не се случиле. Се надевам дека луѓето ќе го земат предвид тоа што мајката на Хејм, Џуди, имаше да го каже“, нагласил тој.

Првите обвинувања за овој одвратен чин се случиле пред пет години, а ги открил Доминик Браш. Тогаш, токму Џуди го одбранила Чарли од обвинувањата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.