Најголемиот естраден маг и поранешен директор и сопственик на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ ужива во пензионерските денови откако го продаде својот дел од најголемата музичка империја.

Имено, Саша минатата година за српски „Ало“ прозборе за посетата на баба Ванѓа и преткажувањето кое му го кажала до кога ќе живее.

Поповиќ зборел и за абортусот на тогашната негова девојка. Тој досега избегнувал да зборува на оваа тема, но сега реши да ја отвори душата.

„Дојде една жена и донесе по две коцки шеќер на Брена и на мене, рече тоа да го завиткаме во палома, да го ставиме под перница и кога ќе станеме да го однесеме кај баба Ванѓа. Не предупреди дека не смееме да и дадеме ниту пари, ниту подароци, само шеќер, бидејќи државата се и обезбедила. Таму имаше 1000 луѓе. Па, Тито бил кај Ванѓа четири пати, Брежњев три пати, Никсон исто така, Џими Картер… – рекол неодамна Саша, без да крие дека бил шокиран од глетката, но и она што баба Ванѓа му го кажала во тие 3-4 минути.

Таа му кажала дека татко му загинал во сообраќајна несреќа, дека мајка му не пали свеќа за слава и да ја предупреди за тоа, дека „Слатки грех“ ќе се распадне за година дена, а дека тој ќе почне да пее и дека на 48 години ќе биде врвот на естрадата, директор на сите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.