Поранешна стриптизерка од Лас Вегас сака да заработи од сеќавањето на нејзината бурна ноќ со принцот Хари во август 2012 година.

Кери Рајхерт (43) за британски „Мирор“ раскажува за вечерта во „градот на гревот“ кога го бакнала, тогаш 27-годишниот член на британското кралско семејство. Таа вели, што и да значи тоа точно, дека младиот Хари бил „прилично отворен“ кога се бакнувале, пишува „Мирор“.

Едноставно, беше пијан, се плеткаше наоколу. Немаше ништо романтично, само забава  – додава таа.

Рајхерт вели дека Хари бил вистински џентлмен, но дека бил многу исцрпен.

Алкохолот влијаеше врз него. Таму бев од 15 до 20 минути – изјавила поранешната егзотична танчерка.

Таа се присетила како денешниот војвода од Сасекс свирел на воздушна гитара додека држел знак за базен кога пристигнале во неговиот апартман во луксузниот Енкор во одморалиштето Вин во Лас Вегас.

Принцот потоа се најде на насловните страници ширум светот бидејќи папараците го фатија целосно гол како се забавува со жена во бикини која стои зад него.

Рајхерт, која сега се вика Кери Ројал, вели дека принцот Хари и ги подарил боксерките што ги носел таа дива ноќ. Сега, таа ги става на аукција со фустан и костим за капење кои самата ги носела, надевајќи се дека ќе заработи околу милион евра од страста на колекционерите кои се луди по Виндзорите или барем само по Хари.

Хари стана многу здодевен, што е вистинска штета. Кога се забавуваше во Вегас, сите го сакаа него и неговото чувство за забава. Барем овие боксерки се потсетник за тоа каков бил кога бил принц на забавата. Штета е што деновиве е целиот депресивен и сериозен. Дури и како оженет татко на две деца, тој сепак треба одвреме-навреме да ја пушти косата или барем она што остана од неа – вели танчерката за британските медиуми.

Војводата од Сасекс размислувал за таа пијана ноќ за која се зборува и пишува со месеци. За време на интервјуто за подкастот „Armchair Expert“ на Дакс Шепард, тој открил дека тоа се случило „неколку недели пред“ да замине во Авганистан. Шепард, пак, признал дека видел гола фотографија од принцот и не можел, а да не се восхитува на неговата „неверојатна форма“.

Оваа забава во Лас Вегас е само еден од настаните во дивата младост на Хари што му ја донесе титулата развратен принц и крал на забавите. Денес е во брак со Меган Маркл, татко на две деца, бизнисмен кој има многу сложени и напнати односи со целото кралско семејство, од кое побегна на друг континент.

Единствено што остана исто е фактот дека Хари се уште е постојано под лупата и целта на медиумите поради секој збор, секое движење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.