Во текот на изминатиот месец огромно внимание привлече свадбата на турскиот НБА кошаркар со потекло од Охрид, Џеди Осман (27) кој одлучи судбоносното „Да“ да го каже во своето родно место.

Тој и неговата сопруга, актерката Ебру Шахин (28) потоа направија уште една свадба за пријателите и роднините во Измир, Турција.

Според информациите во турските медиуми, Џеди за свадбата со Ебру потрошил 8 милиони турски лири, или над 456.000 евра.

Со оглед на тоа што нивните обожаватели нетрпеливо ги следеа фотографиите од свадбите, актерката која во моментов е мошне популарна во Турција заради улогата во серијата „Hercai“, одлучи на својот Инстаграм профил да сподели уште неколку фотографии направени во бистрите води на Охридското Езеро, но и неколку фотки од медениот месец во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.