Познати убавици прошетаа на црвениот тепих на Мет Гала, а како и секогаш некои се појавија во креации кои модните критичари ги дочекаа на нож – како Кети Пери, Камила Кабељо, Емили Ратајковски, а имаше и такви кои воодушевија со избраните тоалети.

Меѓу оние кои ќе останат запаметени оваа година беа Блејк Лајвли и Ким Кардашијан, но дамата која сите со нетрпение ја очекуваа да се појави на црвениот тепих, Сара Џесика Паркер, апсолутната кралица на стилот за чии модни комбинации редовно пишуваат сите светски медиуми.

Темата на овогодинешната Мет Гала беше „Guilded Glamour“ (позлатен гламур), а актерката која сите ја паметат по улогата на Кери Бредшо од култната серија „Сексот и градот“ се истакна со неочекувана карирана креација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.