Српската естрадна ѕвезда, Дара Бубамара, никогаш не криела дека направила естетска операција откако се појави на сцената. Освен што неуморно користеше фотошоп на социјалните мрежи, Дара си го затегна лицето, го скрати носот и секако, стави силикони во градите.

Сега, српските медиуми објавуваат наводна листа на пластични операции кои пејачката ги има направено досега, но и „ценовникот“ за тие хируршки зафати.

Дара пред нешто повеќе од десет години за прв пат стави силикони во градите, а како што самата изјавуваше, неколку пати ги менуваше. Сега е горда сопственичка на „седмици“, а тие интервенции ја чинеле околу 15.000 евра.

Често менувам силикони, пред се затоа што морам. Слушам дека некои колеги ме озборуваат, но можат само да ми плукнат под прозорецот. Ги следам светските трендови, а во јавноста има многу лажен морал – вели Дара.

Пејачката за нова насмевка искеширала 18.000 евра. Медиумите пишуваа дека Дара работела на нови заби во Цирих, а се одлучила за клиника во Швајцарија бидејќи имале најсовремени методи.

Според сопственото признание, Бубамара неколку пати ги надополнувала и усните, а тоа го правела додека била во врска со нејзиниот 20-годишен дечко Тони. Се претпоставува дека Дара за усните низ годините дала околу 2.500 евра.

А, дека Дара активно работи на подмладувањето, сведочат и најновите фотографии на социјалните мрежи, на кои може да се забележи дека освен операција на носот, може да се забележи дека на лицето и вбризгувала ботокс, а на јаготките филери. Овие „мали“ козметички интервенции чинат околу 300 евра во белградските клиники, а мора да се повторуваат на секои шест месеци за лицето да изгледа негувано.

Според српските медиуми, Дара наводно си го смалила носот во Турција, а тоа барање чини меѓу 4.000 и 7.000 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.