Фолк пејачката Тања Блажева по неколку години живот во Швајцарија, деновиве се врати во родниот Штип. За „Фокус” вели дека животот во Швајцарија ѝ донел многу промени, работела напорно настапувајќи во српски клуб, и со упорност успеала да си ги оствари соништата.

Изминатите години ми поминаа доста работно. Секојдневни ангажмани во познат српски клуб, многу гостувања во Белград, но и инвестирање во себе, бидејќи тоа е неминовно ако сакаме популарност кога е нашата професија во прашање. Животот во швајцарскиот Олтен ми отвори нови видици, но и ми даде многу шанси за напредок. Сега имам две нови песни за српскиот и бугарскиот пазар, ќе се снимаат видео записи за нив. Едниот запис за баладата ќе биде снимен во Турција со познат модел, другиот во Швајцарија. Успеав да си купам стан во Штип, и планирам да инвестирам во родното огниште, ќе отворам угостителски локал. Иако пак ќе се враќам во Швајцарија, сепак ова е мојот дом, вели Тања.

Таа има шестгодишна ќеркичка, за која вели дека е целиот нејзин свет, и желбата нејзиното дете да има добар живот и давала мотив плус да работи посветено.

Целиот разговор на „Фокус“

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.