Пејачката Нада Топчагиќ е на сцената од 1975 година, а оттогаш го носи епитетот на некој кој нема влакна на јазикот и не се плаши од никого. Ако е така, во тоа се уверила и Снежана Ѓуришиќ, која едвај извлекла жива глава кога Нада дознала дека наводно и ја поткопува кариерата и стапнувала на земја. Топчагиќ во едно интервју во 1989 година призна дека за малку ќе ја претепала својата колешка, пишува српски Курир.

Во раните осумдесетти Нада имаше хитови, но не го достигна самиот врв. Лепа Брена ненадејно го зазеде првото место, а по неа Весна Змијанац. Пејачката се обиде да го достигне врвот, но не и успеа.

Толку малку ми требаше за официјално да бидам пејачка број еден. Сепак, други имаа поголема среќа. Во овие кризни времиња, моите плочи добро се продаваат. Не бев доволно во јавноста, па луѓето мислеа дека сум =во втор план. Ми се чинеше дека луѓето од телевизија и весниците ме заборавија. Дури подоцна дознав дека колешките ме нападнале. Нема да ги именувам, ќе се препознаат. За малку ќе се скарав со една. Ѝ се заканував да внимава што прави! За која пејачка станува збор? Па, сите ја знаат како „ајдучка“. Не треба многу да нагаѓаме, станува збор за Снежана Ѓуришиќ. Нема да кажам ништо повеќе за неа, бидејќи таа смета дека се, дури и најлошите коментари, ѝ се реклама. Па, за таква личност станува збор, рече Топчагиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.