Пејачката Викторија Лоба во утринската емисија на телевизија Телма зборува за нејзините нови проекти, но и за позицијата на музичарите за време на пандемијата на коронавирусот.
Лоба, која е родена во Русија, на границата со Украина во Азовското Море, и живеела таму сѐ до осумгодишна возраст, ја искористи приликата за да го каже своето мислење за актуелните случувања во Украина.
Имам огромна желба за мир, љубов и разбирање помеѓу сите народи. Сакам да кажам дека народот треба да биде обединет, не треба да нè одделуваат, без разлика дали се работи за различни народи и националности. Треба да го доживееме тоа единство во нас и кога ќе се случи тоа, нема да може ниту еден политичар да нè скара“, порача пејачката со солзи на очите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.