Бугарската фолкерка Андреа  редовно ги радува своите фанови со оригинални фотографии, но овој пат успеа да ги остави без здив и да испрати порака за мир.

Таа има над 400.000 верни следбеници на Инстаграм кои ја следат секој нејзин чекор. Се чини дека подобро и оди како фотомодел отколку како пејачка …

Овој пат таа позираше на кревет гола, но покриена со украинското знаме.

Таа остави и моќна порака:

– Јас сум Украина. Во најлошото време, Европа и светот повторно се соочуваат со грдото лице на војната. Кој ќе го спречи овој братоубиствен масакр во Украина? Ние луѓето не сме пиони на шаховската табла на политичарите. Ниту, пак, негуваме за да бидеме скршени од бомби и тенкови кога ќе дојде време. Ние не сме пиони со кои можете да се забавувате – напиша Андреа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.